5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИJPMorgan Chase преговара за канцеларија во Даблин

JPMorgan Chase преговара за канцеларија во Даблин

JPMorgan Chase & Co. преговара за купување на деловна зграда во Даблин, за да ги обезбеди плановите за експанзија во Ирска поради „Brexit“, пренесува „Bloomberg“, повикувајќи се на запознаени извори.

Доверителот преговара за зграда која се гради од заедничката компанија на „Kennedy Wilson Holdings Inc.“ и државната Национална агенција за управување со средства на Ирска (т.н.„лоша“ банка). Зградата е со површина од околу 12.000 м2, што е доволно простор за повеќе од 1.000 вработени.

Банката сепак наведува во коментар до новинската агенција дека и „други опции се уште се на маса“. „Сакаме да видиме како ќе се одвиваат преговорите. Никаква конечна одлука не е донесена уште“, посочуваат од финансиската институција.

Од „Kennedy Wilson“ и Национална агенција за управување со средства на Ирска одбиваат да дадат коментар.

Одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија (ЕУ) ги поттикна меѓународните банки и осигурителните компании да почнат да бараат можност за поместување на работните места во други земји од ЕУ. Прогнозите за вкупниот број на преместени вработени се движи од 4.000 до 200.000 лица.

„Citigroup Inc.“ пример наведува во внатрешен документ дека сигурно ќе премести дел од вработените во Лондон и ќе создаде нова деловна единица во ЕУ.

Повеќето банки планираат да преселат по околу 1.000 луѓе во Даблин, Мадрид и Амстердам, а Париз и Франкфурт се назад во оваа листа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП