24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаул Гонзалес нов селектор на ракометната репрезентација

Раул Гонзалес нов селектор на ракометната репрезентација

Раул Гонзалес, тренерот на ракометниот клуб Вардар ќе биде новиот селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија.

На денешната седница на управниот одбор, беше потврдена одлуката за назначување на нов селектор на машката сениорска репрезентација.

Комисијата составена од Филип Милошевски, Милчо Чакарески и Гино Стрезовски го предложи Гонзалес за најсоодветно решение за македонската репрезентација во временскиот теснец на еден месец пред завршните квалификации за пласман на ЕП 2018 во Хрватска.

„Имам голема доверба во предлогот за нов селектор. Ние веќе разговараме со Раул Гонзалес и идејата е, доколку се оди во посакуваната насока, со него да восппоставиме соработка на подолг рок, односно договор до септември 2020 година. Треба да се работи на долги патеки. Наша проценка е дека Раул Гонзалес е најдобриот избор што го имаме, тој е докажан тренер кој работи модерен ракомет и сметаме дека системот што тој го вопспостави со екипата на Вардар може да биде полезен и за македонската репрезентација“ – истакна Мукаетов.

Шпанскиот тренер, Раул Гонзалес по успешната играчка кариера која ја градеше во Ваљадолид, започнува тренерска кариера како асистент на Талант Душебаев во Суидад Реал односно Атлетико Мадрид. Во 2014 година Раул Гонзалес ја превзема клупата на РК Вардар во своето деби како прв тренинг, а од 2017 ќе ја превземе клупата на машката сениорска репрезентација во својата прва селекторска улога.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП