10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCadillac ќе „оживее“ со 8 нови модели за 5 години

Cadillac ќе „оживее“ со 8 нови модели за 5 години

„Cadillac“ планира да се бори со најголемите играчи во сегментот на луксузни автомобили, објави шефот на американската марка Јохен де Нишен. А тоа треба да се случи со промоцијата на 8 нови модели во следните пет години, објасни Де Нишен за списанието „Automobile“.

„Нашиот тим треба да направи така за „Cadillac“ повторно да нуди ексклузивни модели, да доминира луксузот и да додадеме кросовер во палетата на нашите модели, за да започнат Американците повторно да ги купуваат нашите автомобили“, објасни Де Нишен.

Претстојната офанзива на модели ќе биде базирана на промоцијата на повеќе кросовери, чија побарувачка продолжува да расте во светски рамки. До 2022-ра година во палетата на „Cadillac“ треба основен кросовер, кој ќе го носи името „XT1“, поголем модел „XT3“, веќе постоечкиот „XT5“ и топ кросовер на брендот, кој ќе се вика „XT7“ или „XT8“.

Се претпоставува дека најпопуларниот „Escalade“ ќе биде позициониран меѓу „XT5“ и „XT7“. Моделите „XT“ ќе се директни пазарни ривали на „X1“, „X3“, „X5“ и „X7“ на „BMW“ или барем така сметаат во „Cadillac“.

И покрај претстојниот развој на кросовери, шефовите на луксузната американска марка немаат намера да се откажат и од лимузината.

Во 2021-ва година ќе се појави основниот седан „CT1“. На местото на „ATS“ ќе дојде „CT3“ кој по димензии ќе биде близок до следната генерација на „Mercedes CLA“. „CTS“ ќе биде наследен од „CT5“, а во највисокиот сегмент кон „CT6“ ќе се додаде и „CT8“, па двете лимузини ќе треба да се борат со „BMW Series 7“ и „S-Class“ на „Mercedes“.

Според Де Нишен сите нови модели ќе се развиваат главно во однос на изборот на клиентите на марката во САД и Кина. Што се однесува до Европа, шефот на компанијата смета дека „Cadillac“ ќе остане играч кај луксузните возила и ќе го преземе патот на развој, кој е различен од оној на „Audi“, „BMW“ и „Mercedes“.

„Германските марки иницираат на масовно зголемување на производството, што не е нашиот рецепт“, прецизира Де Нишен кој е поранешен висок кадар на „Audi“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП