22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDropbox обезбеди кредит од 600 милиони долари

Dropbox обезбеди кредит од 600 милиони долари

Американскиот технолошки концерн „Dropbox Inc.“ договори кредитна линија од 600 милиони долари од шест банки, предводени од „JPMorgan Chase & Co.“, додека се подготвува за примарната јавна понуда, пренесува „Bloomberg“, повикувајќи се на анонимни извори запознаени со плановите на компанијата.

Кредитната линија е потврдена од страна на банките и се очекува да биде склучен во понеделник, велат изворите, кои не сакаат да бидат идентификувани, бидејќи договорот не е финализиран. Финансиската гаранција му обезбедува на „Dropbox“ флексибилност во позадината на приближувањето на примарната јавна понуда.

Компанијата со седиште во Сан Франциско се среќава со банкари, за да дискутира за плановите, тврдат извори запознаени со преговорите. Додека компанијата не споменува конкретен рок, потенцијалните консултанти сметаат дека ќе биде подготвена да излезе на берзата до крајот на оваа година. „Dropbox“ и нејзините кредитори одбиваат коментар на оваа тема пред „Bloomberg“.

Откако ја пушти услугата во 2007-ма година, „Dropbox“ успеа да привлече верни следбеници кои бараат можност за складирање на слики и други датотеки во облакот, што ги прави достапни од било кој компјутер или мобилен уред. Така во почетокот на 2014-та година оценката на компанијата достигна 10 милијарди долари, а таа стана една од највредните „еднорози“ во Силиконската долина (Терминот „еднорог“ се користи за компанија која е проценета на над 1 милијарда долари . Меѓу најголемите се „Uber“, „Xiami“, „AirBnB“, „Palantir“, „Snapchat“, „Dropbox“ и „Pinterest“). Неколку месеци подоцна стартапот си обезбеди кредит од 500 милиони долари од банкарски конзорциум, предводен од „JPMorgan“.

Освен „JPMorgan“, учесниците во новата кредитна линија се „Bank of America Corp.“, „Deutsche Bank AG“, „Goldman Sachs Group Inc.“, „Macquarie Group Ltd.“ и „Royal Bank of Canada“, дополнуваат изворите. Обезбедувајќи си голем кредит на компанија која се уште не е профитабилна, банките преземат познат ризик, но и ја зголемуваат шансата да бидат во улога на иматели во евентуалната примарна јавна понуда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП