5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHTC Ocean на пазарот ќе пристигне како HTC U

HTC Ocean на пазарот ќе пристигне како HTC U

„HTC“ се уште не претстави соодветна замeна за минатогодишниот „HTC 10“. Според информациите на „Blass“, наследникот на „десетката“ која моментално се развива под кодното име „Ocean“ на пазарот нема да пристигне како „HTC 11“, туку како „HTC U“.

Blass“ веднаш наведе каква комбинација на хардвер може да очекуваме – „Snapdragon 835“, во зависност од моделот со 64 GB или 128 GB интерна меморија. Екранот кај овој модел ќе биде со дијагонала од 5,5-инчи и ќе располага со „QHD“ резолуција.

На задната страна ќе се наоѓа камера со резолуција од 12 MP (Sony IMX362), додека на предната ќе биде вградена камера од 16 MP (Sony IMX351). „HTC U“ од конкуренцијата ќе се издвојува со посебното „Edge Sense“ куќиште кое во деловите на рабовите ќе има бројни сензори.

Сензорите ќе можат да се програмираат според желбите на корисникот што ќе овозможи различно искуство за користење на мобилниот телефон. „HTC U“ пристигнува со најновата „Android“ платформа – „Android 7.1.1“ (Nougat) и новиот кориснички интерфејс „Sense 9“.

Според информациите на „Blass“, претставувањето на смартфонот на „HTC“ ќе биде во средината или крајот на април, додека продажбата ќе стартува во текот на мај. Во меѓувреме уредот мина и низ „AnTuTu“ тестовите со што беа потврдени наведените спецификации, како и дека „HTC U“ ќе има 4 GB RAM.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП