27 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTesla сака да ги надмине BMW и Mercedes во САД

Tesla сака да ги надмине BMW и Mercedes во САД

Точно пред една година генералниот директор на „Tesla“ – Илон Муск, го претстави најважниот модел на компанијата. Тоа е седанот „Model 3“ чии цени во САД стартуваат од 35.000 долари. Целта пред овој електромобил е да и помогне на „Tesla“ да ги остави далеку зад себе двата главни играчот во премиум-сегментот на локалниот пазар – „BMW“ и „Mercedes-Benz“.

Производството на целосно електричниот седан стартуваше во почетокот на оваа година, а тој ќе се бори со „BMW 3-Series“ и „Mercedes-Benz C-Class“. Трите модели се со слична цена, и развиваат иста максимална брзина, но „Model 3“ има предност што не користи гориво. Тоа и помогна на „Tesla“ брзо да добие 400.000 нарачки за автомобилот, имајќи го по 1.000 долари депозит од секој кој сака да го има.

Сега Муск и неговите луѓе сакаат не само да достигнат продажбата на двете германски марки, но и да ги надминат. Пресметките покажуваат дека за тоа „Tesla“ ќе има потреба од околу 1 година. Според официјалните податоци, компанијата ќе произведува по 1.000 возила од новиот модел неделно од почетокот на јуни, а оваа бројка ќе се зголемува и во септември ќе достигне 4.000 единици.

Плановите на производителот предвидуваат на крајот на 2018-та година да се достигнат 10.000 автомобили неделно. Тоа е точно 5 пати повеќе од досега – во моментов „Tesla“ произведува по 2.000 примероци од „Model S“ и „Model X“ за 7 дена. Во компанијата сметаат дека е сосема реално вкупниот број на крајот на 2018-та година да достигне 430.000 единици.

Водечките аналитичари од „Wall Street“ се скептични во врска овие планови на Муск. Малкумина од нив веруваат дека сето ова е можно, но забележуваат дека „Tesla“ сепак крие адути во ракавот. Еден од нив е фактот дека компанијата не троши пари за рекламирање во медиумите – ниту во весници, ниту на телевизија.

Освен тоа, во „Tesla“ подготвуваат и компактен кросовер „Model Y“, кој треба да се претвори во новиот бестселер на брендот. А и самиот Муск одамна докажа дека ги реализира своите идеи кои првично сите ги сметаа за фантастика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП