23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавниот долг изнесува над 5 милијарди евра- секој жител должи по 2.472...

Јавниот долг изнесува над 5 милијарди евра- секој жител должи по 2.472 евра

Податоците на сајтот http://javendolg.mk/ кој има за цел да придонесе за зголемување на транспарентноста на јавните финансиии покажува дека јавниот долг на Македонија изнесува над 5 милијарди евра или 53.22 отсто од БДП.

Од крајот на 2010 година, до крајот на третиот квартал на 2016, јавниот долг во апсолутен износ се зголемил за 2.8 милијарди евра. Односно, растел 1.34 милиони евра дневно, 56 илјади евра на час, 16 евра во секунда.

Од крајот на 2010 година, до крајот на третиот квартал на 2016, јавниот долг по жител пораснал повеќе од двојно, од 957 евра по човек, на 2353 евра по човек. Или, растел за 38 евра месечно, односно 1.3 евра на ден.

Министерството за финансии ја демантира информацијата дека долгот на државата надминал 5 милијарди евра. Демантира и дека податоците кои ги наведуваат се земени од веб страната на Министерството за финансии.

“Наша оценка е, имајќи некои сознанија за позадината на овој бројчаник на јавен долг, како и формите во кои беше претходно објавуван прво како нечиј блог, па како истражување на МАНУ – кое беше повлечено, сега како нечиј сајт – е дека истиот има политичка позадина. Особено е симптоматично времето кога бројчаникот „одлучи“ долгот да надмине 5 милијарди евра. Уште еднаш посочуваме дека официјалните податоците за јавен долг согласно методологијата утврдена со ММФ и согласно ЕУРОСТАТ се објавени на веб страната на Министерството и Министерството стои зад тие податоци“, се вели во демантот на Министерството за финансии.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП