24 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПаметни телефони за кои нема граници - Претставени новите Самсунг Галакси С8...

Паметни телефони за кои нема граници – Претставени новите Самсунг Галакси С8 и С8+ (фото)

Самсунг Електроникс (Samsung ElectronicsCo. Ltd.) ги претстави пред светот Галакси С8 (Galaxy S8) и Галакси С8+(Galaxy S8+) уредите кои ги рушат традиционалните граници на паметните телефони со својот беспрекорен дизајн на хардверот и им нудат на корисниците нови начини за интеракција со својот телефон.

Со лансирањето на голем број услуги и апликации, како и бескрајниот екран (Infinity Display) кој на корисниците им нуди целосно уживање при гледањето, новите Galaxy S8 и Galaxy S8+овозможуваат ново ниво на функционалност и практичност, отварајќи цела галаксија на можности.

“Samsung Galaxy S8 и S8+ воведуваат нова ера во дизајнот на паметни телефони и фантастични нови услуги, претставувајќи нови начини да се доживее светот. Galaxy S8 и S8+претставуваат исполнување на нашето ветување за повторно придобивање на довербата на корисниците. Овие телефони ги редефинираат сите можности кога станува збор за сигурноста и се пресврт во наследството на паметни телефони на Самсунг”, изјави ДЈ Кох (DJ Koh), претседател на бизнисот за мобилна комуникација при Самсунг Елекетроникс (Samsung Electronics).

Galaxy S8 продолжува со традицијата на Самсунг за креирање на неверојатни дизајни и функционални уреди. МоделотGalaxy S8 е достапен со големина од 5.8 инчи, додека Galaxy S8+ е достапен со големина од 6.2 инчи.Бескрајниот екран заедно со дизајнот кој овојпат ги изоставува рамките, заедно формираат рамна површина, без копчиња и остри рабови. Како резултат на супериорниот дизајн на корисниците им се овозможува прекрасно доживување при гледањето, без дистракции и олеснето извршување на повеќе задачи истовременото. Компактниот дизајн на Galaxy S8 овозможува удобна работа со една рака, а стаклото Corning® Gorilla® Glass 5 и од предната и од задната страна овозможува голема издржливост и висок квалитет.

Со континуираните иновации во дизајнот, Самсунг продолжува да обезбедува најсовремена технологија,омилена помеѓу корисниците, вклучувајќи:

  • Премиум Камера:Galaxy S8 и S8+се опремени со напреден 8MP F1.7 паметен автофокус на предна камера и 12MP F1.7 Dual Pixel на задна камера за најдобри фотографии во услови на слабо осветлување, најдобар зум и заштита од заматени фотографии и можност за нивна напредна обработка.
  • Моќни перформанси:Со моќните перформанси и можноста за поврзување, Galaxy S8 и S8+ се одликуваат со првиот чип од 10nm во оваа индустија, што овозможувапоголема ефикасност и брзина. Истотака се прилагодени за гигабајтна LTE и гигабајтна Wi-Fi мрежа, обезбедуваат поддршка од 1 Gbps, овозможувајќи им на корисниците брзо да ги превземат датотеките од Интернет, без разлика на нивната големина.
  • Неверојатна забава:Како прв мобилен уред со премиум Високо Динамички Опсег (HDR), Galaxy S8 и S8+овозможуваат да се гледаат истите живи бои и контрасти кои авторите на содржините посакуваат да ги видите гледајќи ги вашите омилени содржини. Покрај тоа, Galaxy S8и S8+ нудатнапредно ниво за гејминг доживувања со живописна и супериорна графичка технологија, како и пакет на игри со врвни наслови, вклучувајќи ги и игрите поддржани од Вулкан АПИ(Vulkan API).
  • Глобални стандарди во мобилната безбедност:Galaxy S8 и S8+ се базираат на Samsung Knox платформата. Покрај тоа, Galaxy S8 и S8+нудат широка палета на биометриски технологии вклучувајќи и скенер за отпечатоци од прст, скенер за зеницата на окото и фацијално распознавање,овозможувајќи им на корисниците можност да одберат безбеден ипроверен биометриски метод најсоодветен за нив.

Galaxy S8и Galaxy S8+ пристигнуваат со основни Galaxy функции, кои корисниците веќе ги обожаваат, како:

  • Отпорност на вода и прашина според стандардот на IP68
  • MicroSD поддршка од 256GB
  • Always onDisplayфункција
  • Способност за брзо и бежично полнење

Бигзби (Bixby) е интелигентен интерфејс кој ќе им помогне на корисниците да добијат повеќе од својот телефон. Со Бигзби копчето ќе можете лесно да пристапите до Бигзби и да дојдете до услугите и апликациите со едноставна гласовна команда, допир, визуелна или текстуална команда. По лансирањето, Бигзби гласовната функција ќе биде интегрирана со неколку вградени апликации и функции на Самсунг, вклучувајќи камера, контакти, галерија, пораки и опции.Во блиска иднина е планирано проширување на можностите за поголем број апликации од Самсунг и други производители. Способноста на контекстуалната свест овозможува Бигзби да понуди помош која ќе биде прилагодена соодветно за секој корисник, базирајќи се на континуираното следење на интересите на своите корисници, ситуацијата во која се наоѓа корисникот и моменталната локација.

Корисниците истотака можат да купуват, бараат слики и детални информации од блиски места со помош на Бигзби технологијата за распознавање на слики. Со раст на екосистемот на Бигзби, тој ќе се поврзува со сè поголем број на уреди, апликации и услуги како сèприсутен интерфејс, кој ќе отвори нови можности и опции за поедноставен живот.

Galaxy S8 и Galaxy S8+овозможуваат напреден спектар на производи и услуги, унапредувајќи го искуството на употреба на двата уреданаизвонредна мобилна продуктивност и можност за поврзување.

Galaxy S8 и S8+ отклучуваат нов Gear VR помошен контролер, лансиран од Oculus. Овозможувајќи лесна контрола и навигација со една рака, контролерот обезбедува подобра интеракција при движење, кога ќе се пристапи до интерактивната VR содржина. Galaxy S8 и S8+ исто така ќе се поврзат и со новиот Gear 360 и ќе произведе видео снимки од 360 степени во 4k резолуција и фотографии од 15 MP.

Samsung DeX претставува уникатно решение со кое вашиот паметен телефон ќе се трансформира во десктоп уред, користејќи ја моќта на процесирање на Galaxy S8и Galaxy S8+ моделите, со цел овозможување на напредна продуктивност. Тој обезбедува безбедна употреба во десктоп средина. Со помош на Samsung DeXкорисниците лесно може да прикажат и да менуваат податоци на својот телефон, правејќи ја работата со паметниот телефон побрза и поефикасна.

Покрај тоа, со зголемување на бројот на “IoT“уреди кои ќе излезат на пазарот и усложнувањето на мрежата на поврзани уреди, Samsung Connectќе обезбеди поедноставно управување со паметните уреди. Samsung Connect им овозможува на корисниците лесно да ги активираат уредите кои се оспособени за работа во рамки на “IoT”, преку едноставен процес на конфигурирање во три потези, а со тоа им нуди можност да управуваат со сите поврзани уреди преку една интегрирана апликација.

Моделите Galaxy S8 и S8+пристигнуваат со збогатенаSamsung Health услуга, проширувајќи ја една од најкористените услуги на Самсунг, со преку 60 милиони активни корисници месечно и околу 11 милиони дневни корисници ширум светот. Samsung Health вклучува:теле-здравје (само во САД), персонално тренирање, социјални способности кои ги редефинираат традиционалното здравје и кондиција.

Корисниците со Samsung Pay може да го остават својот физички паричник, претворајќи ги нивнитеGalaxy S8 и S8+во дигитални паричници кои може да ги користат речиси секаде каде би користеле кредитна или дебитна картичка. Со повеќе од 870 партнерства со банките ширум светот, Samsung Pay до денес има има испроцесирано повеќе од 240 милиони трансакции.

Новите слушалки со високи перформанси, во чија изработка учествувале и AKG од Harman, нудат аудио репродукција без компромис за ненадминливиот квалитет на звукот и се составен дел од секое пакуување. Овие слушалки овозможуваат удобно поставување во увото, обезбедувајќи поголемо пригушување на звуците од средината. Слушалките ќе бидат изработени од метални ткаенини кои спречуваат нивно заплеткување.

Моделите Galaxy S8 и S8+ ќе бидат достапни за продажба во Европа од 28-ми април 2017, а потрошувачите ќе може да одберат од богатата палета на бои, која ги опфаќа нијанските “полноќно црна“, “орхидеја сива“и “арктички сребрена“. Сите заинтересирани уште денес ќе бидат во можност да извршат пред-порачка кај операторите, како би можеле да го добијат својот паметен телефон, согласно моменталните залихи, пред почетокот на официјалната продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП