3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCanon го купи стартапoт Kite

Canon го купи стартапoт Kite

Јапонската компанија за електроника „Canon“ го купи стартпот „Kite“ – компанија која им помага на луѓето да порачува фото албуми, чаши и прибор за телефони, украсени со слики од нивните смартфони, пишува „Bloomberg“.

80-годишната „Canon“ која е позната главно со своите принтери и камери, се бори да остане соодветна на потрошувачките желби, додека снимањето на слики се пренасочува од камерите кон смартфоните. Приходите на компанијата од камери се намали до 667,5 милијарди јени (6 милијарди долари) во минатата година од 970,3 милијарди јени во 2013-та година.

Денес 90% од сите лични фотографии се прават со мобилни уреди, коментира Алберто Спинеи, виш директор за дигитални услуги на „Canon Europe“.

„Се обидуваме да одговориме на прашањето како да го развиеме нашиот бизнис и да станеме адекватни на новата публика“, вели тој. „Canon“ започна да нуди дигитални услуги пред две и пол години, како дел од ова решение.

Купувањето на „Kite“ следи друго купување на „Canon“. Во април 2015-та година таа ја купи „Lifecake“, компанија која има сервис за споделување фотографии, насочена кон семејства. Спинеи тврди дека „Canon“ ќе ги разгледа идните аквизиции, додека се обидува да ги охрабри своите предлози во областа на дигиталните услуги. Условите на договорот со „Kite“ не се откриени.

„Kite“, која е основана во 2013-та година во Лондон, претставува софтвер кој им овозможува на корисниците да прават слики од смартфоните и отпечатени на персоналните физички производи.

Технологијата на „Kite“ се користи од повеќе од 500 технолошки компании, вклучувајќи ги и „PicCollage“ и „Enlight“, а е инсталирана на повеќе од 200 милиони мобилни уреди, откри нејзиниот основач и извршен директор Чарли Карпентер.

„Canon“ и „Kite“ одбиле да ги откријат финансиските параметри од овој договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП