„Facebook“ на својата апликација ја објави една од досега најголемите промени. Станува збор за „Facebook Stories“, oпција која овозможува споделување фотографии и видео-снимки со пријателите кои по 24 часа автоматски се бришат.
Оваа опција прв ја претстави „Snapchat“, по што „Facebook“ по неколку месеци ја ископира на „Instagram“, „Facebook Messenger“ и „WhatsApp“, a сега е достапна и во главната „Facebook“ апликација за „Android“ и „iOS“ уредите.
„Луѓето најмногу објавуваат фотографии и видео-записи, а „Stories“ е начинот на кој тие сакаат да го прават тоа. Очигледно дека оваа опција одлично фукнционира во другите апликации. „Snapchat“ беше пионер во ова“, изјави Конор Хејес, продукт менаџер во „Facebook“.
„Facebook“ апликацијата сега има и нова икона за камерата која овозможува фотографирање и снимање на моменти кои корисниците потоа можат да ги споделат со пријателите и семејството.
На фотографиите и видео-записите може да се додадат и разни ефекти кои „Facebook“ ги креираше.
Покрај објавувањето на слики и клипови во делот на „Stories“, корисниците на „Facebook“ може истите директно да ги испраѓаат на пријателите во новиот „inbox“ каде фотографиите и видео-снимките ќе бидат зачувани само 24 часа, по што автоматски ќе бидат избришани.
Опцијата „Stories“ нa „Instagram“ за кратко време стана неверојатно популарна, а со оглед на тоа дека „Facebook“ е најпопуларната друштвена мрежа во светот, без сомневање повеќето корисници ќе започнат секојдневно да ја користат оваа функција.