17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi се откажа од проектот „Sport Quattro“

Audi се откажа од проектот „Sport Quattro“

Проектот „Audi Sport Quattro“ официјално е затворен и автомобилскиот производител од Инголштад се откажал од намерата да го прероди легендарното спортско купе. Тоа го соопшти изданието „Car and Driver“, цитирајќи го шефот на единицата „Audi Sport GmbH“ (поранешното „Quattro GmbH“) Стефан Винкелман.

По неговите зборови, „Sport Quattro“ е еден „прекрасен сон“, но сега во спортската поделба на компанијата имаат голем број на повеќе важни задачи. Главната од нив е формирање на нова палета модели кои ќе бидат доработени од инженерите на „Audi Sport GmbH“.

„Ние би можеле да пуштиме сличен автомобил во ограничена серија, но тоа не ни е меѓу приоритетите. Затоа е подобро единствената уникатна машина на „Audi Sport“, која нема аналог меѓу стандардните модели на „Audi“, да остане „R8“, кој се нуди како роудстер и купе“, објасни Винкелман.

Во последните години често се тврдеше дека „Audi“ ќе понуди нова интепретација на „quattro“ произведен во периодот 1980-1991 година. Првиот концепт – „RS5“, беше претставен уште во 2010-та година. Во 2013-та година компанијата го покажа моделот „Audi Sport Quattro“ (на сликaтa), кој доби моќ од 4,0-литарски V8 агрегат.

Во „Audi“ планираат да ги насочат сите напори за удвојување на бројот на сегашните „RS“-модели на марката. Тоа треба да се случи во следните 18 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП