По сериозниот пораз со смартфоните „Galaxy Note 7“, јужнокорејската компанија „Samsung“ претстави сеопфатен концепт за рециклирање, која предвидува продажба на рециклирани „Note 7“ уреди или обновување на одделни компоненти.
Целта е „еколошки чистo“ ослободување од огромните резерви, објавија од „Samsung“. Групата започна од безбедносни причини големата акција за враќање на милиони смартфони поради опасните батерии.
„Galaxy Note 7“ ќе се нудат како генерално обновени телефони или телефони за изнајмување или заменувани уреди согласно договореното со властите во одделните држави и во зависност од побарувачката на пазарите во различни земји, се вели во соопштението на компанијата.
Информации за пазарите и роковите за снабдување ќе бидат соопштени подоцна.
Јужнокорејскиот концерн беше принуден во средината на октомври целосно да запре со производството на „Galaxy Note 7“, бидејќи компанијата не успеа да се справи со опасните батерии. Виновни за скандалот беа неисправните батерии. Голем број авиокомпании во САД и многу други земји забранија летовите со смартфони.
Дел од опасните смартфони следува да се рециклираат и повторната употреба на „еколошки начин“, изјавија од „Samsung“. Повеќето употребливи компоненти ќе продолжат да се користат и ќе заменуваат ретки суровини, како метали.