13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: „Произведено во Германија“ - брендот со најголема доверба во...

График на денот: „Произведено во Германија“ – брендот со најголема доверба во светот

„Произведено во Германија“ е етикетата, на која корисниците имаат најголема доверба, покажува истражувањето на статистичката агенција „Statista“. Агенцијата коментира на својот сајт дека етикетите со кои се укажува на земјата на потекло на стоките, имаат се поголемо значење за корисниците.

Поради оваа причина е и подготвен индексот, а за оценка на расположението се анкетирани 43.000 лица на глобално ниво. Врз основа на добиените резултати „Statista“ подредува и 49 земји во својата листа.

Корисниците имаат најголема доверба во германските стоки, покажуваат податоците на агенцијата. Најмала е довербата на стоките произведени во Аргентина, Индија и Кина, кои соодветно ги заземаат последните три места.

Статистиката покажува дека европските стоки како целина го задоволуваат вкусот на потрошувачите – првите пет места на стоките со најголема доверба се заземени од европски држави. Второто место и припаѓа на Швајцарија, третото е на целата Европска унија, а четвртото и петтото се заземаат односно од Велика Британија и Шведска.

Само на шестото место се појавуваат првите стоки произведени надвор од Европа, на кои корисниците имаат доверба. Тие се со потекло од Канада. САД го заземаат 10-то место.

За своите преференции анкетираните потрошувачи го истакнуваат квалитетот, стандардите за безбедност, дизајнот на стоките, како и условите под кои се произведуваат овие стоки, а и статусот, со кој се навестува нивното поседување.

Етикетите „Произведено во …“ за прв пат се воведени од Велика Британија во 19 век, посочува уште „Statista“. Целта е да бидат заштитени британските производи од експанзијата на германската индустрија и нејзините евтини и со низок квалитет на стоки.

Донекаде е иронично дека денес Германија е земјата, во чии производи корисниците имаат најмногу доверба, додава агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП