Тајванската акомпанија „HTC“ уште еднаш ги изневери очекувањата на сите со преттсавувањето на смартфон кој ќе биде премногу оптимистички.
Наместо „HTC 11“, на кој се надеваше и „Forbs“, на витрните се најде малку полуксузен, веќе претставен фаблет, „U Ultra“. Иако уште во јануари беше познато дека „U Ultra“ ќе добие своја верзија со сафирно стакло на предната и задната страна, „HTC“ одлучи од сето тоа да направи мала драма.
Toа воедно е и причината за високите очекувања на кои се надеваше во „HTC 11“ како наследник на „HTC 10“. Надежта беше особено изразена затоа што „U Ultra“ е прогласен за промашување, како уред кој за многу пари не нуди ништо посебно.
„U Ultra“ прекриен со сафирно стакло, е со исклучително поотпорен материјал и ќе чини 880 евра, што е за 150 евра повеќе од класичната верзија „U Ultra“ која и онака е оценета за прескапа.
„Ultrа“ со екран од 5.7-инчи ќе има осумјадрен процесор „Snapdragon 821“ oд 2.15GHz, 4 GB RAM и интерна меморија од 64 GB (128 GB во сафирна верзија).
Задната камера е „UltraPixel 2“ од 12MP, која може да снима „4K“ видео содржини и „slowmotion“ видеа на 120fps. Предната камера е од 16MP и овозможува снимање на 1080p видеа. Слушалките се поврзуваат со „USB-C“ порта, преку која се полни батеријата на уредот со капацитет од 3.000mAh.