27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗа 18 години Sprinter продаден во 2.47 милиони единици

За 18 години Sprinter продаден во 2.47 милиони единици

splinter

Oткако „Mercedes-Benz“ – „Sprinter“ имаше свое деби во 1995-та година овој модел изгради име во светот и стана еден од најдобро продавани модели во својата категорија. Во текот на овие 18 години овој модел е продаден во преку 2.47 милиони единици и им помогна на купувачите ширум светот да ги завршат своите работи.

„Sprinter“ е вистинско глобално возило и е клучен сегмент за раст на стратегијата на „Mercedes-Benz Vans“. Не е случајност „Mercedes-Benz“ – „Sprinter“ го понесе името за препознатливо комплетено возило. Станува збор за модел кој секогаш ги поставувал стандардите кога се во прашање големите возила за нивниот квалитет, безбедност и економичност.

Овој модел е во сегментот на возила со носивост до 3.5 тона и претставува врска меѓу автомобилите и камионите како што го дефинираа германските закони за сообраќај кога овој модел за прв пат беше претставен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП