28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВо Европа iOS расте побрзо од Android

Во Европа iOS расте побрзо од Android

Во ноември, декември и јануари „Android“ и „iOS“ продолжуваат да одземат од пазарниот удел од „Windows Phone“ на петте големи европски пазар (Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Шпанија), покажуваат податоците на аналитичката компанија „Kantar“ во анализата „Kantar Worldpanel Comtech“.

„Apple“ сепак ја искористи слабоста на оперативниот систем на „Microsoft“ посилно отколку „Google“. Пазарниот удел на оперативниот систем на компанијата од Купертино расте со 2,4 процентни поени до 22,7 отсто, додека „Android“ додава само 1,4 процентни поени до 74,3 отсто.

На сличен начин се развива и продажбата на смартфони во Германија. Таму на 75,5% од продадените помеѓу ноември 2016-та година и јануари 2017-та година смартфоните е инсталиран на „Android“. „iOS“ постигнува раст во Германија од 2,0 поени, на 21,3 отсто од пазарот.

Со 4,7 и 5,9 процентни поени раст на „iOS“ во Велика Британија и Франција се двојно повисоки. Само во Шпанија, каде што „Android“ владее цели 89,4 отсто од пазарот, оперативниот систем на „Google“ расте побрзо од „iOS“.

И во САД пазарниот удел на „Windows“ се намалува двојно до 1,3 отсто. „iOS“ го намали заостатокот од „Android“ со околу 4,7 поени до 2,9 поени додава „iOS“, додека „Android“ губи 1,8 поени на годишна основа. Со 56,4 отсто удел на „Android“ во САД е значително помал отколку на други пазари.

„Тешко е да се предвиди влијанието на претставените уреди на конгресот во Барселона за развојот на американскиот пазар, особено откако многу од овие уреди не се наменети за американските клиенти“, велат од компанијата за анализи. Според нивните податоци, 70% од американскиот пазар доминирана од „Apple“ и „Samsung“, а на третиот голем производител „LG“ отпаѓаат 11,1% од продажбата.

Ниските вредности за „Android“ аналитичарите предвидоа и за Австралија (55,7 отсто), Велика Британија (54,4 отсто) и Јапонија (49 отсто). Јапонија е и единствената земја во статистиката на „Kantar“, во која во кварталот од јануари се продадени повеќе уреди со „iOS“.

Меѓутоа најважниот кинески пазар продолжува да биде проблем за „Apple“. Во јануарскиот квартал, во кое се вклучуваат божиќните празници, пазарниот удел на „Apple“ се намалува за 8,4 процентни поени до 16,6%. „Apple“ дури објави кон крајот на јануари на пад на продажбата за Кина од 12 проценти.

Во Народната република, „Android“ ги подобрува позициите со 9,3 поени до 83,2 отсто, бидејќи уделот на „Windows“ се намали во регионот со 0,8 поени до 0,1 отсто. Така во Кина „Windows“ се изедначува со категоријата „други“, на која исто така се отпаѓаат 0,1 проценти.

Во позадина на падот на податоците за „Windows Phone“ и „Windows 10 Mobile“ од „Kantar“ очекуваат дека се движат кон „светот на двата оперативни системи“. „Деновите во кои „Blackberry OS“, „Symbian“ или „Windows Mobile“ играа важна улога, ги нема. Јасно е дека во иднина ќе има само две екосистеми за смартфони – „iOS“ и „Android3. За да се успешни, производителите ќе мора да играат по нивните правила“, велат аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП