Според Регулаторната комисија за енергетика бензините и дизел горивата од полноќ ќе поевтинат за два денари по литар.
Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС95 ќе биде 65 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС98 ќе изнесува 67 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛОТ (ДЕ V) ќе се продава за 52, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) за 40,5 денари за литар.
За 1,337 денари поевтинува и мазутот и еден килограм ќе чини 26,955 денари.
Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија информира дека просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена била пониска за 6,38 отсо и изнесувала 51,570 долари за барел.