10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlitalia откажа 200 летови

Alitalia откажа 200 летови

Италијанскиот авиопревозник Alitalia укина 40 отсто од летовите во денешниот распоред.

Авиокомпанијата ја објави листата со откажаните околу 200 летови, вклучувајќи до Брисел, Лондон и Франкфурт, пренесоа медиумите.

Министерството за транспорт потврди протестните дејствија кои влијаат сите италијански аеродроми, на веб-сајт, каде што е објавана и листа со претстојното прекин на работата во секторот.

„Alitalia“ прецизираше во петокот дека мерките се должат на четири часа штрајк на авиодиспечерите и 24-часовен штрајк на синдикатите кои работат во транспортниот сектор. Врските, планирани за утринските и попладневни часови ќе бидат реализирани сопед, така што ќе се користат поголеми авиони за превоз на можно повеќе патници во внатрешни и меѓународни правци.

Во меѓувреме синдикатите повикаа на поширока мобилизација во знак на протест против отпуштањата кои ги објави како дел од голем план за реструктуирање на компанијата и зголемување на конкуренцијата со нискотарифните авиопревозници при правци со блиски дестинации.

Планот за заживување на превозникот предвидува скратување на 2.437 работни места, од вкупно 12.000 вработени, посочи синдикален извор, објавувајќи штрајк на 5-ти април.

„Решивме едногласно да објавиме штрајк на 5-ти април“, изјави генералниот секретар на синдикатот „Uiltrasporti“, Клаудио Тарлаци. Тој го опиша застапениот план од раководството како „апсолутно недоверлив“.

Планирано е да бидат ослободени 2.037 вработени од земниот персонал, а потоа и 400 членови на летачки персонал, кои во моментов се на специјални договори, гарантирајќи им работата до крајот на 2017-та година.

Покрај тоа, компанијата има намера да ги намали за 28% платите на пилотите на средни растојанија, со 22 проценти на пилотите со средни и долги летови и со 32 проценти на стјуардите и стјуардесите.

Од 2.037 позиции кои ќе бидат затворени, 1.338 се на договори со неопределено време, 558 на определено време, а 141 се во странство.

Поради финансиските тешкотии италијански превозникот во средата усвои нов стратешки план, кој предвидува намалување на трошоците со една милијарда евра и кревање на прометот со 30 проценти до 2019-та година преку поконкурентни понуди кај кратките и средните релации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП