Американскиот трговец на скап накит „Tiffany & Co“ забележа повисока од очекуваната добивка во четвртиот квартал, потпомогната од силната побарувачка на накит во Јапонија и Кина, како и зголемувањето на цените и намалените трошоци, соопштува „Ројтерс“.
Акциите на компанијата со седиште во Њујорк поскапеа за 2,5% до 92,25 долари во прелиминарната сесија во петокот.
Компанијата доживува тешкотии со зголемување на продажбата, особено во Северна и Јужна Америка – нејзиниот најголем пазар, бидејќи купувачите се насочуваат кон поевтини брендови.
Продажбата на „Tiffany“ се намали со 3% до 587 долари во кварталот, завршена на 31-ви јануари.
Марката обвинува за слабите продажби во празничниот период поради помалиот сообраќај во својата најдобра продавница на Петтата авенија во Њујорк поради близината до „Trump Tower“, а продавницата забележа 7% пад во продажбата во кварталот.
Продажбата во азиско-пацифичкиот регион, кој ги вклучува Кина и Кореја, се зголеми за 9 отсто до 284 милиони долари, а продажбата во Јапонија се зголеми за 15 проценти до 185 милиони долари.
Нето продажбата се зголеми за 1,3% до 1,23 милијарди долари во кварталот наспроти една година порано, што е втор последователен пораст во оваа година.
Нето добивката е намалена до 157,8 милиони долари, или 1,26 долари по акција, во споредба со 163,2 милиони долари, или 1,28 долари по акција, за истиот период од претходната година. Просечната прогноза на аналитичарите беше за профит од 1,38 долари по акција и приходи во износ од 1,22 милијарди долари.