7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговскиот дефицит на Европската унија за јануари надмина 16 милијарди евра

Трговскиот дефицит на Европската унија за јануари надмина 16 милијарди евра

Европската унија (ЕУ) забележа трговски дефицит со остатокот на светот за јануари 2017-та година во износ од 16,2 милијарди евра, покажуваат прелиминарните податоци на „Евростат“, објавени во петокот. Сумата е доста повисока во споредба со дефицитот во јануари 2016-та година од 12,1 милијарди евра.

Во првиот месец од годината извозот на стоки надвор од ЕУ изнесува 141,2 милијарди евра, истакнувајќи раст од 16% на годишна основа. Увозот достигна 157,4 милијарди евра, а тој исто постигнува зголемување на годишна основа од 18%.

Трговијата во рамките на 28-те земји членки на ЕУ се зголемила до 262,4 милијарди евра во јануари, што е за 10% повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

„Евростат“ ги прилагоди прелиминарните податоци за трговскиот биланс во 2016-та година. Според ажурираните податоци, извозот на ЕУ изнесува 1,74 илјади милијарди евра, а увозот е 1,70 илјади милијарди евра, што значи дека за целата година Унијата излегува со вишок од 37,7 милијарди евра во споредба со вишокот од 59,9 милијарди евра за 2015-та година.

Еврозоната исто така, забележува дефицит со остатокот на светот за првиот месец од годината во износ од 600 милиони евра во споредба со вишокот од 4,8 милијарди евра за јануари 2015-та година.

Зоната со единствена валута извезе стока со остатокот на светот (во која се вклучуваат другите земји членки на ЕУ, кои не се во еврозоната) за 163,9 милијарди евра, што е за 13% повеќе на годишна основа. Увозот за јануари е во износ од 164,5 милијарди евра, раст од 17% во однос на јануари 2015-та година.

Податоците за целата 2016-та година за еврозоната исто така се коригираа. Извозот за годината изнесува 2,04 илјади милијарди евра, а увозот е 1,775 милијарди долари, како резултат на тоа еврозоната предвиде вишок од 271,9 милијарди евра во споредба со 238,7 милијарди евра во 2015-та година.

Најголем за јануари е трговскиот суфицит на Германија – 15,1 милијарди евра. На второ место е Холандија со 5,3 милијарди евра, а на трето е Ирска со 4,7 милијарди евра. Најголем дефицит пак забележуваат Британија од 11,6 милијарди евра и Франција од 11,1 милијарди евра.

Извозот на ЕУ кон САД во јануари на годишно ниво се зголемува, и тоа со 19% од 25 милијарди евра до 29,8 милијарди евра, иако позициите на американскиот претседател Доналд Трамп за слободната трговија фрлат сомнеж врз односите меѓу двете најголеми економии во светот. Во исто време увозот исто така се зголемува, но само со 8%. Така трговскиот вишок се зголемува од 6,3 милијарди евра во јануари 2016-та година до 9,6 милијарди евра во истиот месец од оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП