15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba забрзано влегува на нов пазар

Alibaba забрзано влегува на нов пазар

Кинескиот технолошки гигант „Alibaba“ го зголемува присуството во дигиталната арена. Компанијата склучи договори за партнерство во вредност од 1 милијарда јуани (140 милиони евра) со неколку програмери на мобилни игри. „Alibaba“ сака да ја заземе улогата на дистрибутер на игрите и во Кина, но и низ целиот свет.

Кинескиот пазар сепак нуди премногу високи бариери за бизнисот со мобилни игри. Програмерите треба да добијат посебна дозвола од страна на властите, за да можат да објавуваат производи. Медиумите и информациите во земјата се силно контролирани, а владата често го блокира пристапот до сајтови и социјални мрежи. Освен тоа, за дистрибуција на кинески игри во светот ќе е потребен и целосен превод на локалните јазици, пишува „CNBC“.

Инвестицијата на „Alibaba“ е чекор кон надминување на горенаведените проблеми. Последниот потег ја диверзификува стратегијата на компанијата, која е позната најмногу како платформа за онлајн трговија. Корпорацијата со седиште во Хангжоу, сепак реално се занимава со сè – од снимањето на филмови до инвестиции во мобилни плаќања.

„Alibaba“ така, планира да развие систем кој ќе им дава препораки на корисниците за која игра да ја превземат. Покрај тоа, технолошкиот гигант гледа кон пазарите во развој на Индија и Индонезија.

Кина е најголемиот пазар во светот за онлајн игри. Индустријата ќе достигне 12 милијарди долари до 2020-та година, се наведува во извештај на „PricewaterhouseCoopers“.

Компаниите кои се партнери со „Alibaba“ се „Mail.Ru Group“, „TFJoy“, „Efun“ и „ONEMT“, станува јасно од официјалното соопштение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП