Откако беа објавени гласините за два телефони на „Google“, пристигна и трет кој би требало да биде поголем од минатогодишниот „Pixel XL“.
„Google Pixel“ телефоните оваа година би требало да добијат наследник, а откако се појавија информацијата за двата уреди, се чини дека тие ќе добија и трет во низа.
Како што објави „Droid Life“, прво беа објавени информации за два уреди со кодни имиња „muskie“ и „walleye“, a третиот ќе се нарекува „taimen“. Се претпоставува дека третиот телефон би требало да биде поголем и од „Pixel XL“. Инаку, слично се потврди и кај „Nexus 6“ и неговото кодно име.
Како што можевме да забележиме тренд оваа година се големите екрани сместени во помали куќишта, не би требало да не изненади доколку и кај смартфоните на „Google“ го забележиме овој тренд. Не е познато дали можеби некој од овие телефони ќе го следи 2:1 форматот на екранот каков што видовме на „LG G6“. Тоа што може да се очекува дека телефонот ќе ја добие следната верзија на „Android“ оперативниот систем – „Android O“.