2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКарлос Слим планира да инвестира во Македонија

Карлос Слим планира да инвестира во Македонија

slim

Бизнис групацијата на Карлос Слим разгледува конкретни детали за реализација на инвестиција во информатичко-комуникациската технологија во Македонија. Подготвеноста за преминување на одлуките за инвестирање во понапредна фаза ја пренесе Карлос Слим Јуниор, извршниот директор на групацијата и син на најбогатиот човек во светот на средба со македонскиот премиер Никола Груевски.

Карлос Слим Јуниор, соопшти денеска владината служба за информирање, истакна сериозен и извесен интерес за опциите и можностите за инвестиции во нашата земја во областа на информатичко-комунакциските технологии, за што посочи дека неговата бизнис групација веќе ги интензивира, активно ги анализира и продлабочено ги разгледува конкретните детали кои би воделе кон реализација на инвестиција. Тој ја изрази подготвеноста за идно преминување на нивните одлуки во однос на инвестициите во Македонија во многу понапредни фази. Беше покажан и интерес за разгледување на поволностите за инвестиции и во други економски сектори, се вели во соопштението.

Извршниот директор Карлос Слим Јуниор истакнал и дека неговата групација ја почитува реформската агенда на македонската Влада во областите на економијата, образованието, информатичко-комуникациските технологии и во други општествени сфери.

Премиерот Груевски, кој со владин економски тим во Мексико ги претставуваат можностите за инвестирање во Македонија, се заблагодарил за целокупната логистичка поддршка која ја овозможува групацијата на Карлос Слим за промоција на македонските економски и општествени интереси. Ги претстави реформите кои се спроведуваат во нашата земја, како и поволностите  во Македонија за странските инвеститори, при што особено ги истакна областите и проектите во кои може да дојде до конкретна соработка помеѓу двете земји. Посочи и конкретни проекти од областа на информатиката и комуникациската технологија, туризмот, енергетиката, производството и останати економски области.

Слим Јуниор и Груевски се согласиле дека соработката помеѓу двете страни во идниот период ќе се реализира на многу подинамичен начин и со поинтензивна комуникација.

– На средбата е поздравено силното пријателство кое постои помеѓу Република Македонија и бизнис групацијата на Карлос Слим, кое се карактеризира со меѓусебно почитување, поддршка и интенција за конкретна соработка на проекти. Истакнати се посветеност за натамошно интензивирање на односите помеѓу двете страни и засилување на меѓусебната соработка и се акцентирани можностите и опциите за остварување соработка во областите на економијата и на инвестициите, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП