25 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИE.ON забележа рекордна нето загуба за 2016-та

E.ON забележа рекордна нето загуба за 2016-та

Германскиот енергетски концерн „E.ON“ забележа нето загуба од 16 милијарди евра за 2016-та година, што е над два пати повеќе од загубата за 2015-та година, во позадина на отпишувањето на средства за генерирање на електрична енергија и повисоките резерви за оддалечувањето од нуклеарната енергија во Германија.

Компанијата сепак изјави дека приспособениот профит пред каматите и даноците е 3,1 милијарди евра, што е блиску до горната граница на прогнозираниот опсег.

Компанијата соопшти дека ќе понуди дивиденда од 21 центи по акција за 2016-та година и од 30 центи по акција за 2017-та година прилагодената добивка пред каматата и даноците ќе биде помеѓу 2,8 милијарди и 3,1 милијарди евра во оваа година.

Минатата година „E.ON“ се раздели на две одвојувања, електроцентрали на јаглен и гас, трговијата со електрична енергија и производството на гас во друга компанија – „Uniper“ која дебитираше на берзата во Франкфурт во септември.

Потегот, еден од најголемите корпоративни промени во повоената индустриска историја на Германија, беше реализиран во одговор на кризата во германскиот енергетски сектор. Таа беше предизвикана од „Energiewende“ – радикалното оддалечување на земјата од нуклеарната енергија и фосилните горива. Изобилството на ветерна и соларна енергија ја истакна конвенционалната електрична енергија генерирана од компании како „E.ON“ и „RWE“, од пазарот и ја потисна цената на големо на електричната енергија што ги направи централите на гас и јаглен, неекономични.

„E.ON“ вели дека нето загубата од 16 милијарди евра за 2016-та година главно се должи на загубата од прекинатите активности одразувајќи ги трошоците за обезвреднување на операциите на „Uniper“.

„E.ON“ беше потисната и од одлуката на германската влада од минатата година да ги натера компаниите за комунални услуги да платат 23,6 милијарди евра кон трошоците за обезбедување и чување на нуклеарниот отпад на земјата. „E.ON“ ќе треба да плати околу 10 милијарди евра од вкупната сума.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП