3 јули, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот „ѕвер“ на Ferrari е пуштен од кафез (видео)

Новиот „ѕвер“ на Ferrari е пуштен од кафез (видео)

„Ferrari 812 Superfast“ имаше светска премиера на актуелниот саем за автомобили во Женева, а сега имаме можност да видиме како овој автомобил изгледа на патот.

Видеото кое нема да ги остави рамнодушни фановите на спортските автомобили од Маранело беше објавено од страна на „Ferrari“ на својот официјален „YouTube“ канал:

„Ferrari 812 Superfast“, како наследник на моделот „F12 Вerlinetta“, добива погон од моќниот „V12“ мотор, а станува збор за 6.5 литарски агрегат со дури 800 коњски сили при 8.500 вртежи во минута, додека максималниот вртежен момент е 718 Nm, при 7.000 o/min.

Моторот е поврзан со подобрен седумстепен автоматски менувач со двојно квачило, кој обезбедува овој автомобил во целост да го оправда своето име и до „стотка“ да стигне за само 2,9 секунди. Максималната брзина е иста како и кај претходникот и изнесува 340 km/h.

Управувачкиот систем користи електричен серво уред, а дополнителна корист е управувањето на сите 4 тркала, со оглед дека задните тркала исто така помагаат при движењето на автомобилот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП