26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАAпликациите за допишување ги надминаа СМС пораките

Aпликациите за допишување ги надминаа СМС пораките

WhatsAPP2

Откако неодамна беше објавено дека паметните телефони ја надминале продажбата на „обичните“ мобилни уреди, но денеска имаме уште една промена во мобилната индустрија

Апликациите за пораки се покажаа како многу популарни ширум светот, а неодамна извршниот директор на компанијата „WhatsApp“ објави податоци дека нивниот сервис го надминал „Twitter“.

Доколку тој податок не бил доволен мобилните оператори да се замислат, сигурно со новата студија ќе ги натера да го сторат тоа. Истражувањето кое беше спроведено од страна на „Financial Times“ покажа дека апликациите за допишување ги надминале СМС пораките и тоа во голем обем. До крајот на минатата година повеќе пораки биле испратени од „WhatsApp“, „Kik“, „Viber“ и решенија како што се „iMessage“ и „BBM“, отколку обичните текстуални пораки. СМС пораките долго време беа огромен извор на приходите во индустријата, па така големата промена на корисниците кон бесплатните решенија би требало да ги загрижи операторите.

Меѓутоа СМС пораките и натаму се напред кога ќе се види вкупниот број на корисници, а и се проценува дека операторите оваа година ќе заработат 120 милијарди долари од СМС пораки. Но доколку овој тренд продолжи, а се очекува да продолжи, можно е наскоро СМС пораките и заработката од нив да доживеат голема криза.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП