21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИПокрената истражна постапка против Audi во Германија

Покрената истражна постапка против Audi во Германија

Државното обвинителство во Минхен покрена во средата истражна постапка против „непознати лица“ во компанијата „Audi“, а истрага е започната по претресите на во седиштето на компанијата во Инголштад во средата утрото, кои се поврзуваат со скандалот околу софтверот за манипулирање при тестовите за штетните издувни гасови на дизел моторите во рамките на концернот „Volkswagen“, на кој му припаѓа и „Audi“.

„Државното обвинителство Минхен 2 покрена против непознати лица поради сомневања дека е сторено кривично дело измама и недозволена реклама“, соопшти државното обвинителство.

Јавниот телевизиски сервис ARD и дневниот весник Sueddeutsche Zeitung пренесуваат дека истрагата е насочена против „неколку високопозиционирани менаџери“ на „Audi“.

Управата на оваа автомобилска компанија одбила да ги коментира споменатите случувања. „Ние во целосна мера соработуваме со властите, бидејќи во наш интерес е овој случај да се расчисти“, соопштија челниците „Audi“.

Покренувањето на постапката и претресот се случуваат токму на денот кога управата на „Audi“ имаше намера да ги презентира резултатите за работењето за изминатата 2016 година и плановите за тековната.

Како дел од концернот „Volkswagen“ и моделите на возилата на „Audi“ се погодени околу скандалот со манипулирањето за вредноста на издувните гасови кај моторите на дизелски погон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП