28 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТоплификација АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат за период Јануари- Декември 2016...

Топлификација АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат за период Јануари- Декември 2016 година

Топлификација АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат за период Јануари- Декември 2016 година прикажан во неревидираниот поединечен Биланс на успех.

Остварената нето добивката по оданочување за период 01.01.-31.12.2016 година изнесува 37,201 илјади денари, наспроти остварената нето добивка за 2015 година во износ од 32,006 илјади денари.

Вкупните приходи се во износ од 206,657 илјади денари за 2016 година. Вкупните приходи се состојат од приходи од продажба, други оперативни приходи и финансиски приходи. Приходите од продажба во најголем дел се приходи кои произлегуваат од договорот за закуп на опремата за производство на топлинска енергија. Другите оперативни приходи во најголем дел се приходи од побарувања за топлинска енергија. Финансиските приходи се приходи од камата на побарувања по однос на дадени заеми и побарувања по однос на продадена топлинска енергија и приходи од вложувања-добивки од поврзани фирми.

Вкупните трошоци за периодот 01.01.-31.12.2016 година изнесуваат 169,456 илјади денари. Вкупните трошоци се состојат од административни трошоци, останати оперативни расходи и финансиски трошоци. Административните трошоци се во износ од 80,725 илјади денари. Во оваа група на трошоци влегуваат трошоци за амортизација во износ од 57,613 илјади денари односно 71% од вкупните административни трошоци е трошокот за амортизација. Останати трошоци се трошоци за услуги, материјали и останати трошоци. Останати оперативни трошоци се во износ од 22,786 илјади денари. Во овие трошоци 18,274 илјади се однесуваат на вредносно усогласување на тековни средства-залихи. Финансиските трошоци се во износ од 65,758 илјади денари, истите се помали од 2015 година за 26% односно изнесувале 89,232 илјади денари. Финансиските трошоци се трошоци за камата за земени краткорочни/долгорочни кредити/заеми.

Oчекувања за престојниот период

Во текот на 2017 година се очекува остварување на приходите од договорот за закуп на опремата за производство на топлинска енергија во износ од цца 85 милиони денари, се очекува наплата на побарувања од топлинска енергија а со тоа и намалувања на кредитната изложеност на компанијата. Во 2017 година ќе продолжат активности на други проекти од областа на енергетиката поврзани со дистрибуција на гас на ниво на урбани средини, либерализација на пазар на електрична енергија и примената на обновливи извори на енергија по пазарни услови.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП