6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФершпед АД Скопје со позитивни финансиски резултати

Фершпед АД Скопје со позитивни финансиски резултати

ФЕРШПЕД АД СКОПЈЕ за периодот Јануари-Декември 2016 година оствари оперативна добивка во износ од 52.558 илјади денари  искажана во неревидираниот  Биланс на успех.

Сметководствени политики и методи на вреднување

Во 2016 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување  на ставките во финансиските извештаи споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи.

Вкупни приходи

Остварените вкупни приходи во периодот Јануари-Декември 2016 година изнесуваат 3.046.920 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во 2015 година бележат раст од 2,5%. Оперативните приходи во износ 3.021.721 илјади денари учествуваат со 99,2 % во вкупните приходи и истите бележат раст од 2 % во споредба со оперативните приходи во 2015 година.

Финансиските приходи  учествуваат со 0,8 % во вкупните приходи и истите бележат зголемување од 17%.

Вкупни расходи

Вкупните расходи во износ од 3.012.694 илјади денари бележат пад од 2,3 % во однос на вкупните расходи  во 2015 година. Оперативните расходи во износ 2.969.163 илјади денари бележат раст од 2 % во однос на 2015 година. Најголемо учество во оперативните расходи со 67% имаат расходите за услуги со карактер на материјални трошоци во износ од 1.995.323 илјади денари.

Финансиските расходи бележат значително намалување во однос на истите од претходната година.

Фершпед АД Скопје за периодот Јануари-Декември 2016 година оствари позитивен финасиски резултат  искажан во  неревидираниот Биланс на успех во износ од  31.005 илјади денари.

Дивиденди

Во деловната 2016 година согласно остварените резултати во 2015 година донесена е одлука да не се исплаќа дивиденда.

Обврски по кредити

Вкупните обврски по кредити на 31.12.2016 година се намалени за 135.123 илјади денари или 27% во споредба со состојбата на 31.12.2015 година и истите претставуваат  14% од капиталот и резервите.

Исполнување на планот

Реализацијата на планот во 2016 година на Фершпед АД Скопје е во рамките на планираните активности.

Финансискиот резултат можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП