23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTesla ќе предложи кросовер за 45.000 долари

Tesla ќе предложи кросовер за 45.000 долари

Во „Tesla Motor“ напорно се подготвуваат за претставување на подостапниот електричен автомобил – седанот „Tesla Model 3“, за кој досега се добиени над 400.000 нарачки. Неговото производство ќе стартува кон крајот на летото, а за 2 години на пазарот ќе се појави и кросовер кој ќе ја користи шасијата и агрегатот на „Model 3“.

Според информацијата на изданието „Autocar“, електромобилот ќе го добие името „Model Y“. Тој ќе биде опремен со 8 камери, 12 ултразвучни сензори и радар, кои се наменети за добивање на информации во услови на лоши временски услови, најчесто при намалена видливост.

Се очекува компактниот кросовер да добие истите врати тип „falcon wing“ (крила на сокол), со кои е опремен и поголемиот „Tesla Model X“. Идниот „Model Y“ ќе биде опремен со батерија на „Model 3“, но поради поголемиот клиренс и зголемениот воздушен отпор нивниот капацитет ќе биде зголемен.

Ова, за возврат ќе влијае на цената на моделот. Седанот „Tesla Model 3“ ќе стартува од 35.000 долари, но поради најмоќните батерии кросовер „Model Y“ ќе биде околу 10.000 долари поскап.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП