3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТиквеш АД Скопје објави солидна добивка за 2016 година

Тиквеш АД Скопје објави солидна добивка за 2016 година

Зголемената бруто добивка и намалените оперативни расходи за 6% резултираа со оперативна добивка од 158 мил. денари, односно зголемување за 32% во споредба со 2015 година, или нето добивка во износ од 85 милиони денари.

Вкупните приходи забележаа раст од 9%, односно зголемување за 112,8 мил. денари. Растот се должи на зголемените приходи генерирани од домашниот пазар (за 12%) и од странските пазари (за 6%). Бруто добивката бележи раст од 27%, односно зголемување за 111 мил. денари.

Финансиските расходи се намалени за 10,9 мил. денари. Нето добивката од редовното работење пред оданочување е повеќе од дуплирана во споредба со 2015 година односно е на износ од 99 мил. денари.

За работењето во 2016 година не беа исплатени дивиденди.

Во 2016 година се остварија вложувања во материјални средства од 37 мил. денари. Значителен отпис (поголем од 30% од вредноста на средствата споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи) не беше реализиран.

Промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемување поголеми од 30% споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи) не беа остварени.

Бруто приходите во 2017 година се предвидени на износ од 1,441 мил. денари, што претставува зголемување од 10% споредено со 2016 година. Во вкупната реализација во обем, домашниот пазар се планира да учествува со 48% додека извозните пазари да учествуваат со 52%. Нето добивката пред оданочување за 2017 година се очекува да се движи во согласност со стапката на раст на приходите.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП