1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBMW ќе ја зголеми овогодишната дивиденда

BMW ќе ја зголеми овогодишната дивиденда

bmwmunichheadquarters

Германскиот производител на премиум автомобили, BMW, објави дека ќе ја зголеми овогодишната дивиденда, по растот на продажбата и профитот во 2016 година и покрај фактот дека ослабнала профитабилноста во клучниот автомобилски сегмент.

Нето добивката на компанијата пораснала од 6,4 милијарди евра во 2015 година на 6,91 милијарда евра, додека приходот скокнал 2,2 отсто на 94,16 милијарди евра.

Управата предложи исплата на дивиденда во висина од 3,5 евра по акција (дивиденден приход од 4,2 отсто) во однос на минатогодишните 3,2 евра по акција.

За преференцијалните акции дивидендата е зголемена од 3,22 на 3,52 евра по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП