17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроизведената енергија од Сонцето бележи раст од 50% во 2016-та

Произведената енергија од Сонцето бележи раст од 50% во 2016-та

solarite 30

Енергијата произведена од соларни панели, се зголемува со 50% во 2016-та година, благодарение на новите инсталации во САД и Кина, станува јасно од пораката на организацијата „Solar Power Europe“.

Според наведените податоци во 2016-та година се инсталирани 76,1 гигавати нови капацитети, што е историски рекорд. Растот на новите панели во САД и Кина во 2016-та година е двојно поголем од оној во 2015-та година. Во Европа сепак новите инсталации се намалуваат за 20% – до 6,9 гигавати спрема 8,6 гигавати, инсталирани во 2015-та година.

Поради растот во Кина, Азија веќе држи 66% удел од ваквите извори на енергија на глобално ниво. Во Кина новите инсталации во 2016-та година се со 125% повеќе (34,2 гигавати). Во САД капацитетот е двојно поголем од оној во поранешниот соларен лидер – Европа.

Во Европа цената на соларната енергија достигна историски минимум и продолжува да се намалува. На тендерите за продажба на електрична енергија од соларни панели во Германија цената е намалена за околу 25%, забележува „Solar Power Europe“.

solarite 31

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП