17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle под притисок во Данска поради заштита на податоците

Google под притисок во Данска поради заштита на податоците

google 3005

Дански регулатор ја известил Агенцијата за заштита на податоците на Данска за потенцијално нарушување од страна на „Google“ на законите за приватност на податоците. Обвинението е дека компанијата го нема ограничено износот на личните податоци кои се зачувани на нејзините сервери, објави регулаторот, цитиран од агенциите.

Интернет компаниите, како „Google“ и „Facebook“, се соочуваат со се „поголема контрола врз тоа како и каде се чуваат податоци за прелистувањето на корисниците во паметните телефони, како и информациите од маил сметките.

„Корисничкиот совет „Taenk“ би сакал Агенцијата за заштита на податоците да процени дали неограниченото собирање на податоци одговара на основното право на заштита на доверливоста на податоците на корисниците“, посочува регулаторот во својот извештај, разгледан од „Ројтерс“.

„Свесни сме дека „Google“ има податоци за корисниците за 9-10 години наназад благодарение на „Google“ сметките“, се вели уште во текстот.

Во јули минатата година „Google“ ги промени своите практики за складирање на податоци, за да ги задоволи барањата на италијанскиот регулатор. Компанијата требаше да разјасни како ги користи податоците и да обезбеди нивно бришење во претходно дефинирана временска рамка.

Од „Google“ не одговорија на барањето за коментар на оваа тема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП