ТЕХНОЛОГИЈА

Претставен првиот смартфон со камера од 360 степени (видео)

kam 360 00

Кинеската компанија „ProTruly“ го претстави смартфонот „Darling“, со помош на кој можете да правите сферични фотографии и да снимате видео записи од 360 степени. Според зборовите на производителот, ова е прв од ваков вид мобилен телефон.

Двата 13-мегапикселни обективи од типот „рибино око“ му овозможуваат на „Darling“ да прави слики и да снима видео содржини кои подоцна може да бидат ставени на „YouTube“ или „Facebook“.

kam 360 01

Смартфонот е опремен со 5,5-инчен екран со резолуција од 1920х1080 пиксели, 8-мегапикселна камера за селфи, процесор „Helio X20 MT6797“ со такт од 2,5 GHz, 4 GB RAM меморија, 64 GB флеш меморија и батерија со капацитет 3.560 mAh.

За прв пати „Darling“ беше претставен на саемот „China Hi-Tech Fair“ (CHTF) во есента минатата година. Смартфонот беше претставен во 2 верзии: обична и премиум – при што куќиштето на последнио е изработено од италијанска кожа и 3.08 гр чисто злато, како и 4 дијаманти.

kam 360 02

И двата смартфони располагаат со „USB-С“ порт и скенер за отпечатоци, вграден во копчето „Home“ на предниот панел.

Вообичаената верзија на „Darling“ чини 600 долари, а премиум моделите 1300 долари.