17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAdidas за прв пат оствари профит од 1 милијарда евра

Adidas за прв пат оствари профит од 1 милијарда евра

adipro3

За прв пат во корпоративната историја вклучени во составот на германскиот берзански индекс „DAX“, спортскиот концерн „Adidas“ успева да ја помине границата од 1 милијарда евра во однос на годишната добивка. По успешната година компанијата ја покренува „летвата“ повисоко и става повисоки цели пред себе.

Податоците се пречекаа добро на пазарот, а уште во раната берзанска сесија цените скокнаа со над 3%. Минути по почетокот на редовната сесија во Франкфурт акциите пораснаа со 7,01 отсто, или 11,20 евра до 171 евра за готово.

Дивидендите за изминатата 2016-та година, исто така се зголемени значително од 1,6 на 2 евра за акција. Тоа станува возможно поради одличната минатата година и очигледно најдобрите изгледите за идните неколку години.

Нето профит во минатата година изнесува 1,02 милијарди евра по добивка во износ од 720 милиони евра во 2015-та година, што е повисоко од очекуваниот раст на аналитичарите кои беа во просек за 995 милиони евра. Оперативната добивка изнесува 1,5 милијарди евра со цели 40% над минатогодишната.

Во однос на приходите компанијата со седиште во Херцогенраух има корист од ниските трошоци за материјали, повисоките цени на производите и на последно место од двата големи спортски настани на кои се промовираше бизнисот – Европското првенство и Олимписките игри во Бразил.

Генерално во 2016-та година приходите од продажбата се зголемуваат со 14 отсто до 19,3 милијарди евра. Ако не се земат предвид девизните флуктуации, порастот е дури од 18 отсто. Основната марка „Adidas“ расте динамички, додека „Reebok“ оствари падови.

Новиот извршен директор Каспер Рорстед ја зголеми долгорочната прогноза за компанијата. До 2020-та година под раководство на Данецот компанијата има намера да расте со помеѓу 10 до 12 отсто во однос на приходите. Во однос на профитот на компанијата се стреми кон раст од 20 до 22 отсто годишно. За 2017-та година се очекува профит од 1,225 милијарди евра и раст на приходите помеѓу 11 и 13%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП