Швајцарија е најдобрата земја во светот, според новата студија на “U.S. News & World Report”.
Медиа организацијата- позната по своето влијание на универзитетски ранг во САД- евалуираше 80 земји според голем број критериуми, од економско влијание до државјанство и квалитет на живот.
Скролајте надолу за да ги видите најдобрите 24 земји во светот.
24.Португалија– иако не е најбогата и најмоќна нација, Португалија е богата со културно наследство и една од најдобрите земји за да се пензионирате или да патувате.
23.Јужна Кореја– Тоа е дом на импресивни 12 Унеско наследства. Годишно ја посетуваат 18 милиони туристи, благодарение на успехот на “хај-тек” сервисно ориентирана економија, која придонесува за нејзиниот БДП од 1.3 илјади милијарди долари.
22.Обединети Арапски Емирати– богата со нафта ја прави една од најбогатите земји во светот.
21.Ирска– технолошкиот бум во главниот град Даблин е многу заживеан. Компаниите како Facebook, Google, LinkedIn, Hubspot и Dropbox се присутни на пазарот.
20.Кина– Настрана од тоа да се биде една од петте најмоќни нации, Кина може да се пофали со својата силна економија и нејзиното влијание на глобалната сцена.
19.Шпанија– богата со култура, Шпанија беше признаена за една од најдобрите места за посета.
18.Австрија– соседот на Германија добро се покажа и во рангирањето ја прогласија за најдобра земја за жените.
17.Луксембург– го има вториот највисок БДП по глава на жител во светот. Транспарентноста на владата и даночната средина ја рангира за високо отворена за бизнис.
16.Италија– Оставката на премиерот Матео Ренци во 2016 година ја остави Италија разнишана. Нестабилноста ја уназади земјата за три места надолу, но според студијата сеуште има повеќе културно влијание од било која друга држава во светот.
15.Сингапур– Државата-град Сингапур ја задржа позицијата на овогодинешното рангирање и беше именувана за една од најдобрите земји за инвестирање.
14.Нов Зеланд– се препознава по својата неверојатна глетка. Нов Зеланд е одбран поради верската слобода и еднаквост на половите. “U.S. News & World Report” ја нарече најдобра земја во светот за да се пензионирате.
13.Финска– можеби треба да изненади, нордиската земја зазема добра позиција во рангирањето.
12.Данска– според извештајот, Данска е втора најдобра земја во светот за да се исраснат деца, подобра е само Шведска.
11.Холандија– како релативно млада земја, Холандија е првата земја која ги легализираше истополовите бракови, а исто така и либералните ставови кон дрогата, проституција и абортусот.
10.Норвешка– Норвешка е една од топ 15 земји предводени од жени, а прва во рангирање за државјанство, што значи дека има најпрогресивни социјални и еколошки политики во светот.
9.Франција– Франција падна едно место подоле на овогодинешното рангирање поради периодот на политичка несигурност во земјата и приближувањето на екстремно десничарскиот кандидат на претседателската функција Марин Ле Пен.
8.Австралија– втора, одма после Нов Зеланд, Австралија е најдобра земја за да се пензионирате, исто така беше именувана за надобра земја за стационирање на главното седиште на корпорациите.
7.САД– Речиси 75% од испитаниците изјавиле дека немаат повеќе почит за лидерството на САД по претседателските избори. Земјата падна во неколку категории како најдобра за бизнис, државјанство, образование и транспарентност- но сеуште е најмоќната нација во светот.
6.Шведска– Шведска е највисоко рангираната нордиска земја. Беше прогласена за најдобра земја за жените, за растење деца и за зелено живеење.
5.Јапонија– земјата влезе во топ 10 во категоријата претприемништво и е земја со најголемо културно влијание.
4.Германија– минатата година беше број еден, сега падна за три места. Растот на загриженоста поради приливот на бегалци во Европската унија и серија на терористички напади резултираше со послаби перформанси во рангирањето за 2017 година.
3.Велика Британија– Велика Британи е прогласена за четврта најмоќна нација и е препознатлива по своето културно влијание.
2.Канада– Канада може да се пофали со највисок квалитет на живот во светот, што значи дека е економски и политички стабилна и има добро развиени систем за јавно здравство и образование.
1.Швајцарија– Швајцарија е најдобра земја во светот според “U.S. News & World Report”. Малата европска земја го заслужи своето место на врвот благодарение на прогресивниот социјален систем, заштита на човекови права и бизнис-пријателска средина.