22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИПо најавата за докапитализација акциите на Дојче банка забележаа пад

По најавата за докапитализација акциите на Дојче банка забележаа пад

dojceto3

Дојче банка соопшти дека планира докапитализација во вредност од осум милијарди евра со издавање 687,5 милиони нови акции.

Во соопштението на банката исто така се наведува дека Постабанката нема да биде продадена туку дека ќе се спои со постоечките единици.

Другите најавени мерки вклучуваат пуштање на пазарот на малцинскиот дел на акциите на Дојче Асет Менаџмент во наредните две години и создавање интегрирани корпоративни и инвестициски банки. Компанијата најави и нови финансикси цели кои ќе ги заменат оние објавени во 2015 година.

Извршниот директор Џон Кријан изјави дека одлуките претставуваат значаен чекор напред на патот кон создавање поедноставна и појака банка која дополнително ќе се развива.

Aкциите на Дојче банка (Deutsche Bank DBKGn.DE), во понеделникот, паднаа за речиси 7 отсто на почетокот на тргувањето веста за планираното зголемување на капиталот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП