11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Најдолгите периоди без рецесија во светот

График на денот: Најдолгите периоди без рецесија во светот

chart 99

Австралијците можат да здивнат. Рекордната серија од последователни квартали без рецесија продолжува, коментира „Quartz“.

По контракција од 0,5% во третиот квартал на 2016-та година економијата на земјата е зголемена за 1,1% во четвртиот квартал. Од последната рецесија во земјата поминале повеќе од 25 години, што е најдолга серија за земја членка на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) од 1970-та година.

Според други медиуми Холандија се уште ја држи круната за најдолг период без рецесија – од 1982-ра година до 2008-ма година. Со користење на податоците од ОЕЦД и општо прифатените дефиниции за рецесија – со два последователни квартали на негативен раст, според „Quartz“ сепак Холандија преживеала блага рецесија во 2003-та година.

chart (1)

Австралија е една од ретките богати земји, кои продолжуваат да растат дури во текот на финансиската криза во 2008-ма година, во голема мера тоа е резултат на побарувачката на суровини од страна на Кина.

Скорото забавување, што се закани на лидерството на Австралија, исто така се должи на Кина, овој пат поради помалата побарувачка на австралиските железна руда и јаглен. Кина во моментов е најголемиот трговски партнер на Австралија, а економијата и е на плимата и осеката во зависност од кинеската желба кон нејзиниот извоз. Австралискиот министер за финансии Џон Фрејзер неодамна зборуваше за потребата земјата да се придвижи кон „поширокиот базиран раст“ по инвестицискиот бум, фокусиран на производството на суровини.

chart (2)

Ако австралиската економија тргне надолу во следните неколку години, Полска е фаворит да го заземе нејзиното место на земја со најдолга серија на раст без рецесија. Од 1995-та година на првата година од која ОЕЦД почнува да собира податоци за растот на БДП-то на Полска, економијата на земјата не забележа рецесија.

Економијата на Полска е зголемена за 1,7% во четвртиот квартал од 2016-та година, а Светската банка очекува тоа да продолжи и во 2017-та година. И сепак серијата на Полска заостанува со 4 години од онаа на Австралија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП