27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрупацијата НЛБ лани ја зголеми добивката за 20%

Групацијата НЛБ лани ја зголеми добивката за 20%

nlb

Групацијата “Нова Љубљанска Банка” минатата година оствари нето добивка од 110 милиони евра или 20 отсто повисока од 2015 година.

Матичната НЛБ лани заработила 63,8 милиони евра што е за 45 отсто повисока добивка од 2015 година.

Покрај матичната банка и сите останати членки на групацијата биле профитабилни минатата година.

НЛБ Скопје прикажа највисока добивка помеѓу останатите членки во износ од 25 милиони евра.

2016 година е трета по ред профитабилна година за НЛБ групацијата, која го подобрува работењето, откако во 2013 година прикажа загуба од 1,44 милијарди евра.

Во банката потврдија дека ќе се исплати дивиденда на државата во висина на целокупната добивка, односно 63,8 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП