5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУХМР: Охридско Езеро шест сантиметри над минимумот, водостоите на реките под просекот...

УХМР: Охридско Езеро шест сантиметри над минимумот, водостоите на реките под просекот за март

ohrid

Според последните мерења, нивото на водата во Охридското Езеро е шест сантиметри над дозволениот минимум од 693.10, информираат во неделата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според тоа, по затворањето на испустот кај вливот на реката Црн Дрим на почетокот на февруари, до денеска нивото на водата во езерото се зголемило за 10 сантиметри.

Според УХМР, водостоите на реките се под просекот за март. Водостојот на Вардар е најнизок на мерното место кај Демир Капија и е 60 сантиметри понизок од вообичаениот за март, додека понизок водостој од 23 до 29 сантиметри од вообичаениот има и на другите мерни места по течението на Вардар.

Кај другите реки кај коишто се мери водостојот, забележана е слична состојба, а најголемо отстапување од просекот има кај Црна Река, на мерното место Новаци, каде што водостојот е понизок за еден метар и седум сантиметри од вообичаениот.

Инаку, на крајот на јануари нивото на Охридското Езеро беше минус 11 сантиметри под дозволента кота која изнесува 693,10. Дозволениот максимален минимум е 693,07 или минус 7 сантиметри од најниската кота, што значеше дека тогаш дури за 4 сантиметри нивото беше пониско од минимумот. Еколозите неколкупати предупредуваа на штетните последици од нискиот водостој на Охридското Езеро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП