3 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакпетрол логото избрано како едно од најдобрите дизајнирани

Макпетрол логото избрано како едно од најдобрите дизајнирани

Makpetrol logo333

Порталот REBORN направи текстови во серијалот написи наречени „5×3“. Во секој од овие текстови пет локални графички дизајнери ќе издвојуваат по три нивни омилени работи поврзани со графички дизајн.

Првиот кој го одвојуваме е логото на еминентната компанија Макпетрол.

МАКПЕТРОЛ
Година: 1994
Дизајнирано од: (иницијална верзија на Мирослав Грчев), Љубиша Давидовиќ
Земја: Македонија

За на крај, би сакал да издвојам еден локален графички бисер, со кој секојдневно се среќаваме, но ретко кој од нас ја забележува и ја цени итрината која ја содржи.

Иако почетната верзија на логото е многу поедноставна, низ само 3 геометриски тела совршено се искомбинирани буквата „M”, капката – која го симболизира бензинот (нафтените деривати) и третиот скриен елемент – држачот од крајот на цревото од бензинската пумпа. Бидејќи на првата верзија е изоставена кружната форма, која подоцна се појавува околу конечното лого, за оваа статија логото е претставено без неа.

Ова лого ме потсетува на дисциплината и користењето на едноставни геометриски форми, која е присутна во симболите низ балканот во 70-тите и 80-тите години. Значаен претставник на тој бран е легендата на бугарскиот графичен дизајн, Стефан Канчев.
Останатите видете ги на сајтот http://www.reborn.mk/najdobri-pet-logoa/

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП