12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНешто помеѓу: Range Rover Velar (фото+видео)

Нешто помеѓу: Range Rover Velar (фото+видео)

velar 00

Групата „Jaguar Land Rover“ го претстави својот нов кросовер „Range Rover Velar“ на специјален настан во Лондон. Премиерата на автомобилот пред публика ќе се одржи на претстојниот саем во Женева.

Новиот модел ќе се смести меѓу „Range Rover Sport“ и „Evoque“ во палетата на британскиот производител. Тој е изграден на платформата „IQ [AI]“, која е во основата на седанот „Jaguar XE“ и „XF“, како и на кросоверот „Jaguar F-Pace“ од кој новиот „Velar“ наследил голем број компоненти и технички решенија.

velar 01

Должината на кросовер е 4803 мм, тој е со 45 мм подолг од „Evoque“, но со 20 мм пократок од „Range Rover Sport“. Растојанието помеѓу двете оски кај новиот модел е 2874 мм наспроти 2660 мм кај „Evoque“ и 2923 мм кај „Sport“. Тоа сепак е целосно еднакво со тоа на „Jaguar F-Pace“. Истовремено коефициентот на аеродинамичен отпор кај „Velar“ е најнизок меѓу сите модели на „Range Rover3 – 0,32.

velar 02

Автомобилот ќе се појави на пазарот со избор од 6 мотори од семејството „Ingenium“ – 3 бензински и 3 дизел агрегати. Основната верзија ќе добие 2,0-литарски мотор со 250 КС, а тој ќе се нуди и во верзија со 300 КС. Третиот бензински агрегат е 3.0-литарски V6 со 380 КС, а тој се става во топ-верзиите на „Jaguar XF“ и „F-Pace“.

Кај дизелите ќе се нуди 2,0-литарски мотор со 180 и 240 КС, како и 3.0-литарски V6 со 300 КС. Сите верзии на „Velar“ ќе добијат систем за погон на четири тркала „Terrain Response 2“, како и 8-степен автоматски менувач „ZF“.

velar 03

Кај новиот модел на „Range Rover“ дебитираат голем број на опции кои досега не се понудени за сериските „Jaguar“ и „Land Rover“. При топ-нивото на опрема ќе се нуди целосно ласерска оптика, како и нов мултимедиски систем „Touch Pro Duo“ со два 10-инчни екрани на допир. Едниот ќе одговара на навигацијата и медијата, а вториот за поставките на возилото.

velar 04

Продажбата на новиот „Velar“ ќе стартува во јули, а од компанијата-производител го позиционираат моделот како ривал на „BMW X4“, „Porsche Macan“ и „Mercedes GLC Coupe“. Во Германија цените стартуваат од 56.400 евра и завршуваат на 90.850 евра. Ќе има и лимитирана верзија – „First Edition“, која ќе се одликува со скапа опрема и изработка на ентериерот. Таа ќе чини 108.750 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП