18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобра заработка на Snap

Добра заработка на Snap

snap inc33

Американски „Snap“ (поранешен „Snapchat“) вчера ја направи својата инцијативна јавна понуда на акции на берзата „NYSE“ во Њујорк и успешно го затвори првиот ден од тргувањето.

На почетокот акцијата беше понудена на инвеститорите по цена од 17 долари, а по самиот почеток на тргувањето нејзината цена се искачи на 24 долари.

На крајот на денот цената изнесуваше 24,48 долари, што е околу 44% проценти повеќе од почетната. Пазарната оценка на „Snap“ при појавувањето на „ИПО“-то изнесуваше помалку од 20 милијарди, додека кон крајот на денот со зголемувањето на цената таа изнесува повеќе од 28 милијарди долари.

На ова пред се добро заработија институционалните инвеститори кои може да ги купат акциите по почетната цена, додека останатите мали инвеститори дури подоцна можеа да стартуваат со тргувањето на „Snap“ и ја фатија акцијата по нешто повисока цена.

Покрај новите инвеститори, вчера добро минаа и основачите на „Snap“. Еван Шпигел и Боби Марфи сега, според проценката на „Bloomberg“, се „тешки“ по 5,3 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП