18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКолкав е падот на пазарот на „хард дискови“?

Колкав е падот на пазарот на „хард дискови“?

baracuda335

Во 2016-та година на глобален план биле испорачани 425,8 милиони „хард дискови“, што претставува пад од 9,2 посто во однос на 2015-та.

Ова е продолжување на трендот кој започна уште во 2010-та кога побарувачката го достигна врвот и беа испорачани 651 милиони „хард дискови“. Глобалната испорака на „хард дискови“ во 2017-та би требало да продолжи со падот, овој пат на околу 407 милиони примероци.

И покрај постојаниот пад во обемот на испораките, во пораст е просечниот капацитет на „хард дисковите“. Производството на 1,8 инчните „хард дискови“ речиси дојде до самиот крај, а продажбата на 2,5 инчните „хард дискови“ кои се користат во лаптопите и 3,5 инчните мдодели кои исто така се во пад.

Во овој момент постојат само четири производители на „хард дискови“, а тоа се „Seagate Technology“, „Western Digital“, „HGST“ (под „Western Digital“) и „Toshiba“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП