16 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрадби со атриум – архитектонски предизвик за максимално уживање на корисниците

Градби со атриум – архитектонски предизвик за максимално уживање на корисниците

atria

Во време кога поголемиот дел од денот го поминуваме во затворен простор, во канцеларија или дома, просториите кои пропуштаат природна светлина сè повеќе стануваат неопходност. Токму затоа атриумот како архитектонско решение е омилен за корисниците, без разлика дали се работи за станбени згради, канцеларии, ресторани или хотели. Тој овозможува престој во простор кој ги има сите предности – ниту е потполно затворен, ниту потполно отворен. Атриумот се користи во светот како лоби, градина, простор за вежбање, јадење, и многу други активности кои би сакале да ги правиме на отворено, а во што временските услови би можеле да нè спречат.

Она што е интересно е дека атриумот не е новост, според археолозите неговата историја датира 3000 години пред новата ера, од Месопотамија. Заради неговата естетска импресивност, продор на природна светлина и можност за интеракција и социјализација на жителите, атриумот бил широко користен како централен двор во античките римски и грчки куќи. Сепак, модерните атриуми се појавуваат дури во доцните 1950-ти и раните 1960-ти, за денес да најдат примена насекаде низ светот. Заради можностите да бидат искористени на различни начини, тие се еден од омилените предизвици за архитектите.

Hotel Atlantic, Дубаи
Hotel Atlantic, Дубаи
Канцеларии на Airbnb во Сан Франциско
Канцеларии на Airbnb во Сан Франциско
Mall of America, Минесота
Mall of America, Минесота
National Design Centre, Сингапур
National Design Centre, Сингапур

Благодарение на Фабрика Карпош, наскоро и Скопје ќе добие резиденцијална зграда со атриум. Новата зграда Атриа ќе биде дел од населбата Александрија, на 150м од новиот кружен тек кај Порта Влае, на само 4,5км од центарот на градот.

„Сите еколошки, економски и социјални предности кои што ги носи атриумот совршено се совпаѓаат со концептот на Александрија, па оттаму дојде и идејата за Атриа како 5-та зграда во составот на населбата. Максимално сме посветени на квалитетот на животот на идните станари и сакаме да им овозможиме едно поинакво доживување на животот во Скопје.“ – велат од Фабрика Карпош.

Атриа ќе биде објект во кој ќе биде внесен микро еко-систем со внесување на зеленило во самата зграда. Средишните простори ќе бидат отворени со атриум и ќе имаат стаклен кров како извор на природна светлина. Објектот ќе биде збогатен со зелени градини по целата висина на внатрешниот простор, кои ќе му дадат една убава форма, а на станарите ќе им дадат чувство на живот во природа. Овие зелени градини се предвидени за заедничка употреба со што ќе го подобрат социјалниот живот во објектот.

Во Атриа како дел од Александрија ќе има 70 одделни единици од кои 1/3 ќе биде наменета за деловен простор, а остатокот за приватни станови, распределени на приземје, 6 ката и поткровје. Изградбата ќе започне во јуни, а веќе од септември оваа зграда ќе биде подготвена за вселување.

atria

 Атриа, населба Александрија

Сите детали за Атриа, заедно со понудата на станови од останатите згради во Александрија се достапни за сите заинтересирани на Саемот на градежништво. Тимот на Фабрика Карпош можете да го најдете до 04.03 во хала 1 во Метрополис Арената. Сите кои што ќе одлучат да уплатат за стан во Александрија за време на саемот ќе добијат специјални попусти и награди.

atriaa

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП