29 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакедонски телеком во Барселона ги презентираше „Well – FI“ и „Seamless Connectivity“

Македонски телеком во Барселона ги презентираше „Well – FI“ и „Seamless Connectivity“

telekomot3355

Македонски телеком на Светскиот конгрес на мобилни технологии во Барселона ги презентираше новите „Well – FI“ и „Seamless Connectivity“ решенија кои се развиени од Дојче Телеком.

Македонија е првата земја во групацијата каде се тестираат овие пилот проекти, а се очекува веќе наредната година да бидат достапни за корисниците.

„Со новите решенија ќе им овозможиме на корисниците поголема брзина, сигурност и капацитет на интернет услугите. Со комбинација на фиксната и на мобилната мрежа ќе се добие подобар сигнал во секое време и на секое место. Секаде ќе обезбедиме добро поврзување за корисникот да ужива во подобри услуги без разлика каде и да се наоѓа “, изјави Андреас Маиерхофер-главен извршен директор на Македонски телеком.

На Светскиот конгрес за мобилни технологии во Барселона, голем интерес предизвика 5 G технологијата на иднината која ја презентираше Дојче Телеком. Оваа технологија не само што ќе донесе поголема стабилност на сигналот и побрз интернет, туку и ќе направи голем исчекор во секојдневниот живот и бизнисот. 5G сосема ќе го смени начинот на кој функционира нашето општество: машините ќе комуницираат со други машини, ќе живееме во паметни домови и паметни градови, ќе возиме паметни автомобили, како и многу други придобивки, кои денес не можеме ни да ги замислиме.

Се очекува оваа технологија да биде имплементирана во Европа до 2020 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП