26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo сака мало хибридно возило

Volvo сака мало хибридно возило

volvos

„Volvo“ очајно сака да има свој претставник во Б-сегментот на градски возила, меѓутоа на швеѓаните за тоа им е потребен партнер. Компанијата засега нема конкретни планови пред се поради тоа што неможат сами да се впуштат во развивање на платформата, а засега немаат најдено компанија со која ќе ги поделат трошоците.

Швеѓаните се во потрага по производител кој би им гарантирал имплементација на хибридната и електричната технологија во тие мали возила. За жал модуларната платформа која тие ја имаат развиено не е предвидена за мали автомобили. На неа од 2015-та година ќе се прават поголемиот дел на модели, од новата генерација на Ѕ60 па се до новиот ХС90.

„Volvo“ несака да врши притисок врз хибридната технологија без причина. Производството на првиот дизел-електричен „plug-in hybrid V60“ ќе биде двојно зголемена следната година поради големата побарувачка. Швеѓаните очекуваа да продадат околу 5000 автомобили годишно, меѓутоа моменталната побарувачка е двапати поголема.

„Само во Холандија продадовме 3000 автомобили за шест месеци“, велат од „Volvo“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП