„Porsche“ ја претстави „Panamerа Sport Turismo“ зa оние на кои им е потребен поголем багажник и повеќе простор за патниците на задните седишта.
Oд концептот „Sport Turismo“ минаа речиси 5 години, а „Porsche“ конечно ја реализираше својата идеа во практична, караван верзија на „Panamerа“.
Сериската верзија на „Panamerа Sport Turismo“ е заснована на актуелната, втора генерација на „Panamerа“. Двата модели не се разликуваат визуелно до „B“ столбовите, а по тоа линијата на покривот „Sport Turismo“ верзија се нуди речиси рамно и нешто подолго отколку класичната „Panamerа“.
На тој начин, патниците на задните седишта добија повеќе простор за главата, а багажникот се зголеми на 520 литри. Зафатнината на корисниот простор се зголемува на 1.390 литри со соборување на задната клупа.
Вкупно гледано, „Sport Turismo“ е со иста должина како регуларната „Panamera“ (5.049 mm), a непроменета е и ширината на возилата (1.937 mm), додека новиот модел е повисок за za 5 mm.
Aвтомобилот е опремен со активен заден спојлер, како и обичната „Panamera“, која автоматски ќе се поставува во една од трите предефинирани положби во зависност од брзината на движење и селектираниот режим на возење.
На почетокот купувачите ќе можат да изберат меѓу пет верзии на овој модел. Станува збор за верзиите „Panamera 4“, „Panamera 4S“, „Panamera 4S Diesel“, „Panamera 4 E-Hybrid“ и „Panamera Turbo“.
Во врвот на понудата е „Panamera Turbo Sport Turismo“ со 542 ks кој произведува „twin-turbo“ 4.0-литарски V8 мотор. Останатите верзии испорачуваат меѓу 325 ks и 456 ks.
„Porsche“ новиот модел ќе го изложи на женевскиот авто-саем, а основниот модел „Panamera 4 Sport Turismo“ во Германија ќе чини од 97.557 eвра. Цената на најмоќната „Panamerа Turbo Sport Turismo“ ќе биде 158.604 eвра.