12 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOculus ja намали цената на комплетот за виртуелната реалност

Oculus ja намали цената на комплетот за виртуелната реалност

oclus33

„Oculus“ на „Facebook“, еден од првите и најголемите играчи на полето на виртуелната реалност, објави дека ќе ги намали малопродажните цените на својот „VR“ уред, „Oculus Rift“. Наместо 599 долари, по колку што се продаваше досега, во иднина сетот на „Oculus“ ќе чини 499 долари.

Поевтинувањето од 100 долари, односно околу 17%, би требало да има овозможи на поголем број заинтересирани за пристап до оваа технологија, сметаат од „Facebook“.

Покрај тоа што го поевтинија главниот уред, 100 долари ќе бидат „симнати“ и од цената на дополнителниот „Touch“ контролер. Тој, наместо досегашните 199 долари ќе чини 99 долари. Цената на комплетот „Oculus Rift“ со контролерот „Touch“ ќе чини нешто под 600 долари.

Зa споредба, уредот на „Sony“ – „PlayStation VR“ се продава (и тоа доста добро) по цена од 399 долари, а пак „HTC Vive“ чини 799 долари. Од „HTC“ велат дека не планираат да го следат чекорот на „Oculus“ за намалување на цената на својот уред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП